Секој десетти Шпанец бил заразен со коронавирусот, покажува официјално истражување

пред 3 години

МСекој десетти жители на Шпанија до средината на ноември бил заразен со коронавирусот, а речиси половината од заразените се инфицирале за време на летното повторно избувнување на пандемијата, покажуваат првичните резултати од официјалното истражување за присуството на антитела кај луѓето.

Четвртата и најнова студија за присуство на антитела на национално ниво утврди дека 9,9 отсто од над 51.400 испитаници имаат развиено антитела во одреден момент од пандемијата, соопштија официјалните лица од шпанскиот главен Центар за епидемиолошки студии, Здравствениот институт „Карлос Трети“, соопшти денеска Министерството за здравство.

Студијата укажува дека досега најмалку 4,7 милиони луѓе биле заразени со вирусот, што е два и пол пати повеќе од официјалните податоци на Министерството за здравство, според кои до вчера во земјата се заразени вкупно 1,75 милиони лица.

Во Шпанија, исто така, потврдени се 48.000 смртни случаи од Ковид-19, иако пријавениот вишок на смртност укажува на поголем број смртни случаи.

Scroll to Top