„Твитер“ реагираше на твитот на Трамп дека е имун на коронавирусот

пред 4 години

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека се излекувал и на „Твитер“ напиша дека е имун на коронавирусот.

Тој за „Фокс њуз“ изјави дека тестовите покажуваат дека тој може да се врати во кампањата без ризик за другите.

Неговиот лекар, Шон Конли, вчера изјави дека претседателот не е носител на вирусот.

„Го поминав највисокиот тест, највисоките стандарди и сум во одлична состојба. Изгледа сум имун. Може да излезам од подрумот“, рече Трамп за „Фокс њуз“.

Подоцна тој се огласи и на „Твитер“ каде што напиша дека добил информација од докторот дека е имун на Ковид-19 односно дека не може да се зарази, како и дека не може да го пренесе вирусот.

Пред да може да се прочита твитот на Трамп, стои оваа порака од „Твитер“

Пред да може да се прочита твитот на Трамп, стои оваа порака од „Твитер“

„Твитер“ ја означи објавата на американскиот претседател Доналд Трамп како предупредување поради тоа што со твитот се кршеле правилата на компанијата за ширење потенцијално погрешни и штетни информации во врска со Ковид-19.

Scroll to Top