Тихановскаја: Протестите во Белорусија не се завршени, добија нова форма

пред 3 години

Поранешната белоруска претседателска кандидатка Светлана Тихановска, која ден по изборите побегна во Литванија,вчера изјави дека протестите на опозицијата во нејзината земја не се завршени, туку само добија нова форма.

Протестите на опозицијата во Белорусија почнаа со непризнавањето на резултатите од претседателските избори, одржани на 9 август, на кои претседателот Александар Лукашенко го освои својот шести мандат.

-Веќе сме подобро организирани. Многу е важно мирните протести да продолжат во каква било форма, не смееме да му дадеме на режимот шанса да каже дека протестите ја изгубија својата сила, бидејќи тоа не е точно. Протестите се менуваат во форма и тоа е нормално, рече Тихановскаја на последната прес-конференција годинава, оддржана преку видео врска, а пренесена од Тасс.

Нејзиниот советник за меѓународни работи, Франк Вјачорко, рече дека во моментов е невозможно да се предвиди во кој правец ќе тргне протестниот бран во Белорусија.

Според него, луѓето се мобилизираат кога ќе се случи инцидент, како на пример кога умре опозицискиот активист Роман Бондаренко.

-Треба секој ден да бидеме подготвени за вакво нешто. Луѓето излегуваат на улица под влијание на емоции или одредени фактори. Во следните шест месеци нема шанси протестите да престанат, додаде тој.

Scroll to Top