Французите се најголеми скептици во светот околу вакцината против Ковид-19, покажува нова анкета

пред 3 години

Само четириесет отсто од Французите сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, покажува истражувањето објавено денес, а кое покажува дека земјата има најниска стапка на желба на населението за вакцинација во светот.

Анкетата покажува дека само четири од десет Французи сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, со што Франција е на врвот на земјите воздржани околу вакцинацијата, пред Русија и Јужна Африка.

Додека кампањата за вакцинација штотуку почна во земјата, само 40 отсто од Французите се согласуваат да се вакцинираат, се наведува во истражувањето на „Ипсос Глобал Адвајсор“, во партнерство со Светскиот економски форум. Ова претставува голем пад во споредба со нивната претходна студија објавена во октомври, кога 54 отсто од Французите имаа намера да се вакцинираат и уште повеќе во споредба со август (59 отсто).

Последните податоци од Јавното здравство Франција објавени на почетокот на декември, исто така, покажаа пад на желбата за вакцинирање, кога 53 отсто од испитаниците наведоа дека дефинитивно или веројатно ќе се вакцинираат.

Франција не е единствената земја каде намерите за вакцинација се релативно ниски. Така, според студијата, само 43 отсто од Русите се подготвени за вакцинирање, а 53 отсто од Јужноафриканците. Следуваат Јапонија (60 отсто), Италија и Шпанија (62 отсто), следени од Германија (65 отсто).

Спротивно на тоа, Кина ја предводи земјата каде што луѓето најверојатно се вакцинираат (80 отсто), пред Бразил (78 отсто) и Велика Британија (77 отсто), прва земја каде што започна вакцинацијата на 8 декември. САД, каде што почна и огромна кампања за вакцинирање, се единствената земја каде се зголемуваат намерите за вакцинација (69 отсто денес, 64 отсто во октомври).

Scroll to Top