Хрватскиот премиер Пленковиќ е заразен со коронавирусот

пред 3 години

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е заразен со коронавирус, соопшти вечерва хрватската Влада.

-Врз основа на препораките на епидемиолозите, премиерот Андреј Пленковиќ денеска го повтори тестот за присуство на коронавирусот, и тој покажа дека е позитивен, изјави портпаролот на хрватската Влада.

Како што е наведено, Пленковиќ во моментов се чувствува добро и ќе продолжи да ги извршува своите активности и одговорности од дома.

Претходно на Пленковиќ му беше наредена епидемиолошка мерка за самоизолација, бидејќи неговата сопруга прва се зарази со вирусот, а по денешниот позитивен тест му следуваат уште десет дена самоизолација, пренесоа хрватските медиуми.

Scroll to Top