Ѓукановиќ за протестите: Нè има, и тоа како не има

пред 1 година

Црногорскиот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ кој не учествуваше, но го поддржа синоќешниот протест во Подгорица, на Твитер објави фотографија од тој митинг и порача дека Црна Гора ќе биде таму.

„Нè има, и како нè има. И таму е Црна Гора. Слободна, граѓанска, мултиетничка, независна. И ќе има Црна Гора. Европска. И ќе нè има. Секогаш кога е потребно“ – напиша Ѓукановиќ на Твитер.

Протестот во Подгорица се одржа под слоганот „Има нас“, а формални организатори беа Форум Луча, додека претставници на ДПС, СДП, СД и ЛП ги поканија граѓаните на протестот.

Scroll to Top