39 милиони семејства во САД од средината на јули ќе добиваат детски додаток

пред 3 години

Администрацијата на претседателот Џо Бајден синоќа најави дека исплатите на детски додаток за околу 39 милиони американски семејства може да почнат во јули.

Парите за детски даночен кредит, или детски додаток, се дел од пакетот вреден 1.9 милијарди долари за обнова на американската економија поради коронавирусот што демократите го изгласаа во март. Висината на оваа помош е 120 милијарди долари и ја отсликува социјалната политика на Бајден за искоренување на сиромаштија меѓу најмладите во САД.

Програмата е по терк на европските социјални практики, парите се исплаќаат директно на сметка – не се предвидени намалени даноци така што бенефициите ги добиваат и оние родители кои заработуваат сосема малку за да можат да плаќаат даноци.

Откако беа надминати низа бирократски и техничките пречки, даночната служба на САД (ИРС) соопшти дека од 15 јули може да почне да испраќа на сите квалификувани семејства директни уплати од 300 долари за дете под шестгодишна возраст и 250 долари за дете над шест години. Исплатите ќе се испраќаат месечно на секој 15-ти. Така на пример, семејство со две деца, едно на петгодишна и друго на 12-годишна возраст ќе прима 550 долари месечна помош од државата.

Според администрацијата, домаќинствата во кои се вклучени 65 милиони деца, или 88 отсто од сите деца во САД, ќе почнат да примаат директни исплати на сметка во банка, чекови или дебитни картички. Околу 80 отсто од домаќинствата парите ќе ги добиваат на сметка во банка.

Детски додаток ќе примаат семејства со вкупна плати на двајцата родители не поголема од 150.000 долари годишно (или 75.000 долари за еден родител). Оние кои земаат поголема плата не се квалификуваат.

Исплатите на детски додаток може да траат до 2025 година, доколку Конгресот го усвои Планот за американски семејства на Бајден објавен минатиот месец, но се уште не се знае дали демократите можат да го реализираат тоа. Во меѓувреме, админстрацијата ќе бара овие исплати да бидат на постојана основа.

Scroll to Top