Голот на Пандев за историја во конкуренција за најубав во баражите

пред 3 години

Голот на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во Грузија кој донесе историски пласман за Македонија на Европското првенство е во конкуренција за најубав погодок во изборот на УЕФА, во рамки на сите четири бараж мечеви кои завчера го затворија првиот циклус од Лигата на Нации.

На ремек делото на Пандев помогнато од Елмас и Несторовски конкуренција му се голот на Рајан Кристи за Шкотска со кој гостите поведоа со 0-1 во Белград.

Победоносниот погодок на Доминик Собослаи за Унгарија против Исланд (2-1) исто така е во конкуренција, а четвртиот гол кој може да му го земе приматот на Пандев е дело на Михал Дуриш, кој погоди во продоженијата за победа на Словачка против Северна Ирска од 2:1.

За најубав гол може да се гласа на интернет страницата на УЕФА.
https://www.uefa.com/uefaeuro-2020/video/goal-of-the-round/#/

Scroll to Top