Драгиќ ќе го пропушти вториот меч, Адебајо ќе игра

пред 3 години

Мајами Хит забележаа убедлив пораз во првиот натпревар од НБА финалето и останаа без двајца играчи од стартната петорка. Во поразот од Лос Анџелес Лејкерс 98:116 Горан Драгиќ играше само во првото полувреме, а Бем Адебајо го напушти теренот во третата четвртина. Горан Драгиќ го повреди левото стапало и според американските медиуми тој повеќе нема да игра во оваа финална серија. Dang you can see his whole left leg jiggle as it goes to the floor. Looks bad. pic.twitter.com/z7sy99CtMr — Rishabh Dosi (@rishabhdosi) October 1, 2020 Центарот Бем Адебајо го повреди рамото и според истите извори повредата не е сериозна. Адебајо ќе биде подготвен за вториот натпревар кој се игра во сабота од 1:30 часот.

Scroll to Top