Ибрахимовиќ и Милан против Црвена звезда, Адеми и Динамо одат во Краснодар

пред 3 години


Милан со Златан Ибрахимовиќ ќе гостува во Белград, против Црвена звезда, во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа. Вториот тим од регионот, Динамо Загреб, чии капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, во првиот меч ќе гостува во Краснодар.


Ждрепката во Нион донесе неколку интересни двојки, а дерби натпревари се Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед, односно Бенфика и Арсенал.

Првите натпревари ќе се одиграат на 18.февруари наредната година, а реваншите се на програмата на 25 истиот месец. Исклучок е само натпреварот Тотенхем-Волфсбергер кој ќе се одигра ден претходно, во среда на 24.февруари.

Финалето оваа сезона ќе се одигра во Гдањск, Полска.

Двојки за 1/16 финалето во Лига Европа

Волфсбергер-Тотенхем
Динамо Киев-Клуб Бриж
Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед
Бенфика-Арсенал
Црвена звезда-Милан
Антверпен-Глазгов Ренџерс
Славија Прага-Лестер
Салцбург-Виљареал
Брага-Рома
Краснодар-Динамо
Јанг Бојс-Баер Леверкузен
Молде-Хофенхајм
Гранада-Наполи
Макаби Тел Авив-Шахтјор
Лил-Ајакс

Scroll to Top