Роналдо по 79 гола во 100 меча за Јуве: Победата над Барса не „освежи“

пред 3 години


Кристијано Роналдо го одбележа својот 100. настап во дресот на Јувентус со својот 78. и 79. гол за да помогне да се стигне до 3:1 победа над Џенова, постигнувајќи ги двата гола од пенал и покажувајќи колку е клучен играч за тимот на Андреа Пирло.


Тој вели дека 3:0 победата на „Ноу Камп“ над Барселона делувала на тимот.

„Целта е да се победува, како и секогаш. Ова беше тежок натпревар, личните рекорди се убави, но целта беше да се освои три поени за тимот. Победата во Барселона беше многу важна, бидејќи да се победи таков тим на нивни терен само носи поголема самодоверба. Титулата од Лигата на шампионите е многу тешка цел, сега мораме да се фокусираме на формата во Серија А. Целта на Јувентус секоја година е да се освои скудетото и Лигата на шампионите. Само еден тим може да дојде до тие титули, така што мораме да веруваме и да сонуваме за нешто важно“, изјави Роналдо.

Scroll to Top