Шкендија само со реми со Шкупи, Македонија ЃП сега на само поен разлика!

пред 3 години

Лидерот во македонската Прва лига, Шкендија одигра 1:1 со Шкупи во дербито на 12. коло, дозволувајќи им на Македонија Ѓорче Петров да се доближат на само еден поен од врвот на табелата откако „лавовите“ со 3:1 го совладаа Работнички. Дебитантот Дашмир Елези им донесе водство на Шкендија во финишот на првото полувреме, но Илирид Адеми во 52. минута осигура Шкупи да освои поен на тешкото гостување. Во Скопје пак, Македонија со головите на Петров, Адем и Фернандињо стигна до 3:1 победа над „романтичарите“ потврдувајќи ја одличната форма. Во другите мечеви, Беласица стигна до неочекувана 1:0 победа на гости кај Силекс, Струга со 1:0 ја совлада Ренова, додека Академија Пандев во драматичен меч со 3:2 го совлада Пелистер. ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО Академија Пандев – Пелистер 3:2 Работнички – Македонија Ѓорче Петров 1:3 Шкендија – Шкупи 1:1 Силекс – Беласица 0:1 Струга Трим Љум – Ренова 1:0 Табела: 1.Шкендија 26, 2.Македонија ЃП 25, 3.Шкупи 24, 4.Струга 19,  5.Борец 19, 6.Вардар 16, 7.Силекс 13, 8.Работнички 13, 9.Пелистер 12, 10.Академија Пандев 10, 10.Ренова 8, 12.Беласица 10 Фото : ФК Шкендија

Scroll to Top