Италија го казни Ggogle со над 100 милиони евра

пред 3 години

Италија ќе го казни Google со повеќе од 100 милиони евра поради злоупотреба на доминантната позиција, соопшти денеска телото за заштита на конкуренцијата.

Казната, која изнесува 102,084 милиони евра, е образложена со одбивањето на интернет гигантот на својата платформа Google Play да прифати независна апликација која овозможува пронаоѓање станици за полнење на електрични автомобили, се наведува во соопштението.

– Преку оперативниот систем Андроид и продавницата за апликации Гугл плеј, Гугл има доминантна позиција… Треба да се има предвид дека во Италија околу три четвртини од паметните телефони користат Андроид, објаснува регулаторното тело.

Според истрагата на италијанскиот регулатор, Google не одобрил употреба на апликацијата JuicePass, која ја развил италијанскиот енергетски гигант Енел, на системот Android Auto кој му овозможува на возилото да се поврзе и да добие бројни услуги.

Апликацијата JuicePass е конкурент на апликацијата Google Maps, која само овозможува пребарување на станици за полнење на електричните возила.

Scroll to Top