Ривалот на TikTok има 100 милиони корисници за само два месеци

пред 3 години

Компанијата Snap објави дека нивниот конкурент на TikTok, Spotlight веќе има 100 милиони корисници во јануари 2021. година, само два месеци откако беше стартуван.

TikTok и натаму има значителна предност во однос на Spotlight (се наоѓа во рамките на прозорче на Snapchat) затоа што објави дека во јуни 2020. година само во САД имал околу 100 милиони корисници, а според некои индикации, тие и натаму растат.

Од друга страна, од Instagram не пристигнуваат добри вести, затоа што еден од менаџерите објави дека „не е задоволен“ од Reels кратките видео форми, направени токму како конкурент на TikTok, пренесува The Verge.

Snap исто така вложи за да ја стартува својата Spotlight услуга, па така компанијата вети дека ќе дава милион долари дневно за креаторите на содржини, повеќе од еден месец, се со цел да ги поттикнат луѓето да создаваат што е можно повеќе автентични содржини.

Оваа тактика изгледа имаше успех, затоа што сега на платформата се прикачуваат во просек по 175.000 видеа дневно. Ѕnap сега вкупно има повеќе од 265 милиони дневни корисници, што е зголемување од 16 милиони во однос на 249 милиони корисници во претходниот квартал.

Извор: B92.net

Scroll to Top