Скала Магазин со промоција на својот прв печатен број

пред 3 години

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност којашто ги промовира домашните млади креативци и независни автори, но и медиум којшто веќе една година активно ги поддржува културните настани и сцена.

Овој дигитален магазин ја најави промоцијата на својот прв печатен број којашто ќе се одржи на 14 мај во период помеѓу 15:00 и 19:00 часот во рамките на Саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“ на летната тераса во „Јавна соба“. Најавен е и промотивен попуст за резервација на првите 100 броја.

По еднoгодишно неуморно создавање на содржини, следејќи ја „новата“ сцена преку добро познатите рубрики: „На скалички со..“; студиозни менторски осврти на голем број професионалци од дејностите; медиумска поддршка на настани со комплетна репортажа на пишани текстови, интервјуа, видео рубрики, како и нашата онлајн-продавница со голем број дизајн и уметнички дела од наши домашни автори, дојде редот и на првиот печатен број на „Скала магазин“! Тоа што можеме да го ветиме е 136 страници гооолем формат, пример за дизајн и фотографија и содржина којашто ќе се препрочитува засекогаш. Задолжителна литература за секоја домашна библиотека. За првите 100 броја имаме и специјален попуст преку резервација или директна нарачка од нашата онлајн продавница“- вели Дејан Џолев, главен уредник на магазинот.

Повеќе информации за најавената промоција можете да прочитате тука.

Scroll to Top