SpaceX ја лансираше рециклираната ракета со четворица астронаути (ВИДЕО)

пред 3 години

Четиричлен тим на астронаути на NASA полета со леталото на Space X до Меѓународната вселенска станица (ISS). Ова е првиот тим што е испратен во орбитата со рециклирана ракета од претходното лето.

Речиси 24-часовното возење до вселенската станица, која се наоѓа на 400 километри од површината на Земјата, требаше да започне во четврток, но беше одложено за денес поради лошите временски прогнози.

Во тимот Crew 2 учествуваат двајца астронаути на NASA – командантот на мисијата Шејн Кимброу (53) и 49 годишната пилотка Меган МекАртур, заедно со јапонскиот астронаут Акихико Хошиде (52) и 43-годишниот француски инженер Томас Пескет од Европската вселенска агенција.

Метеоролозите за денеска предвидоа дека ќе има 90 проценти шанса метеоролошките услови на лансирното место да бидат поволни, што ги подобрува условите за лет.

Ова е трето лансирање на тимот во орбитата на приватната компанија на Елон Маск, SpaceX, под покровителство на НАСА.

Scroll to Top