Subaru го откри името на својот електричен кросовер

пред 3 години

Премиерата на Solterra е закажана за средината на 2022 година

Subaru го најави претстојното лансирање на својот електричниот кросовер Solterra. Името на моделот е составено од два латински зборови – sol (сонце) и terra (земја). Продажбата на теренецот ќе започне во средината на 2022 година, а ќе биде достапен во Јапонија, Северна Америка, Европа и Кина.

Електричниот Solterra кросовер, како и неодамна претставениот концепт модел bZ4X, се резултат на соработката на Subaru и Toyota. Во основата на кросоверот се наоѓа e-Subaru Global Platform (тоа е и e-TNGA на Toyota), но погонскиот агрегат е развој на Subaru.

Од компанијата засега не ги откриваат техничките карактеристики на својот електричен автомобил, но велат дека ќе има два електромотори и погон на четири тркала. Досега се објавени само две фотографии од Solterra, кои само го навестуваат конечниот изглед. Сепак, може да се види дека кросоверот има LED оптика и голем клиренс.

За разлика од екстравагантната Toyota бЗ4Х, моделот на Subaru изгледа комплетно подготвен за сериско производство. И двата кросовера треба да се појават на пазарот истовремено, но моделот на Toyota ќе биде поедноставен во споредба со прикажаниот концепт.

Scroll to Top