Нов вид на коронавирус откриен во Грција

пред 3 години

Во Грција откриени се првите четири случаи на новиот вид на коронавирус, кај лица кои неодамна допатувале од Велика Британија.

Официјално лице, кое сакало да остане анонимно, изјавило дека тие лица се во карантин, пренесува „Ројтерс“.

Се смета дека новата мутација на корнавирус која е откриена во Велика британија, а која се проширила ширум светот, е многу позаразна од досегашните.

Грција влезе во поостар рестриктивен режим во борбата против коронавирусот, кој ќе биде на сила до 10. јануари. Мерките вклучуваат полициски час од 21:00 до 05:00, забрана за нарачки преку Интернет во малопродажните места и затворање на продавници како што се фризерници и салони за убавина.

Извор/b92.net

 

 

Scroll to Top