Бектеши верува дека падот на економијата ќе биде четири проценти како што вели Светска банка

пред 4 години

Министерот за економија Крешник Бектеши е уверен дека годината ќе ја завршиме со пад на економијата од четири проценти како што предвидува Светска банка и оти од следната година ќе има зголемување на БДП. Коментирајќи ги прогнозите на Светската банка, Бектеши рече дека нивното сценарио е пооптимистичко во однос на проекциите на Владата која предвидува пад од 4,4 проценти. – Таму е наведено дека мерките што сме ги реализирале дале резултати било тоа да се однесува на зачувувањето на работните места или на поттикнувањето на потрошувачката, рече Бектеши. Според него, во моментот е најважно да се инјектираат средства во компаниите за да се задржи нивната ликвидност и да се сочуваат работните места. Текстот Бектеши верува дека падот на економијата ќе биде четири проценти како што вели Светска банка е превземен од А1он .

Scroll to Top