Бесими – Ангелов: Посветени сме на изградбата на железничкиот дел од Kоридорот 8

пред 3 години

Продлабочувањето на економската соработка, но и забрзаната реализација на значајните инфраструктурни проекти со што ќе се зголеми поврзаноста со Бугарија, беа тема на разговор на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и бугарскиот амбасадор во државава Ангел Ангелов.

– Во областа на транспортната инфраструктура, Владата на Република Северна Македонија е посветена на изградба на железничкиот дел од Коридорот 8. За првата и втората фаза средствата се веќе обезбедени, додека за третата фаза обезбедени се грант средства од ИПА 2 програмата и во тек е постапка за дообезбедување на финансиската конструкција, рече Бесими.

Воедно, како што соопшти Министерството за финансии, во тек е изградба и модернизација на патната инфраструктура на Коридорот 8, од граничниот премин Ќафасан со Албанија на запад, па сѐ до граничниот премин Деве Баир со Бугарија на исток.

На средбата се дискутираше и за понатамошно подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка преку спроведување на Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии, како главна цел на твининг проектот „Зајакнување на буџетското планирање, извршување и функции на внатрешна контрола“ во рамки на кој Министерството за финансии соработува со Министерството за финансии на Бугарија, како една од земјите партнери во овој проект.

Scroll to Top