Битиќи: Мерките не доаѓаат доцна, продолжуваат разговорите со коморите и синдикатите, идната недела да се финализираат

пред 3 години

Идната недела ќе го финализираме петтиот пакет економски мерки за да се усвои на Влада и да профункционира, изјави заменик претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски е на средба со стопанските комори од Прилеп и Битола за потребите од современа инфраструктура.

-Утре ги продолжуваме разговорите со стопанските комори, а в понеделник со синдикатите и во текот на идната недела да се финализира петтиот пакет економски антикризни мерки. Мерките не доаѓаат доцна, туку во вистински момент зашто битен ни е консензусот да биде најдобар за сите чинители, изјави Битиќи.

Битиќи нагласи дека сите што ќе добијат финансиска поддршка за плати кои ќе бидат од два типа и ќе покажат загуби ќе треба да ги вратат.

Scroll to Top