Битиќи: Не доцниме со четвртиот пакет мерки

пред 4 години

Не доцниме со четвртиот пакет мерки за ублажување на последиците од Ковид кризата, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Во одговор на новинарско прашање, Бетиќи истакна дека процесот на креирање на мерките е целосно инклузивен и оти се разговара со коморите, синдикатите и со граѓаните со цел да се увиди како ќе биде најдобро секој денар на најадекватен начин да се адресира. Скопје, 19 септември 2020 (МИА) – Не доцниме со четвртиот пакет мерки за ублажување на последиците од Ковид кризата, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Во одговор на новинарско прашање, Бетиќи истакна дека процесот на креирање на мерките е целосно инклузивен и оти се разговара со коморите, синдикатите и со граѓаните со цел да се увиди како ќе биде најдобро секој денар на најадекватен начин да се адресира. – Се подготвуваме за период од годината во кој очекувањето на светско ниво е дека ќе има нов бран кој можеби ќе има нови поголеми последици врз стопанството. Показателите укажуваат дека четвртиот квартал ќе биде клучен за надминување на економската криза годинава. Затоа мерките ќе бидат поткрепени со законски акти и ќе дојдат во момент кога на стопанствениците и на работниците. Со подготовките што ги правиме, сме во финална фаза, нагласи Битиќи. бак/ац/

Извор: mia.mk

Scroll to Top