Биткоинот му парира на златото подобро од регуларните валути, растот продолжува

пред 3 години

Биткоинот е во исклучително позитивен ритам последните денови и лесно го надмина нивото од 15.500 долари, јавуваат светските медиуми.

Вредноста на првата криптовалута деновиве е на рекордно ниво во последните две години, а растот несомнено беше поттикнат од претседателските избори во Америка.

Апсолутната рекордна вредност на биткоинот е забележана на 17 декември 2017 година – на ниво од 20.089 долари за биткоин. После тоа, цената постепено паѓаше и една година подоцна, на 15 декември 2018 година, биткоинот можеше да се купи за само 3.126 американски долари.

Ова лето, вредноста повторно нагло се зголеми – во август со криптовалутата се тргуваше за 12.000 долари, а во средината на октомври достигна 12.400 долари, пренесува СЕЕбиз (SEEbiz).

Според аналитичарите, цената на биткоинот се очекува да го скрши отпорот меѓу 16 000 и 16.500 долари и да продолжи да расте на околу 20.000 долари по единица.

Аналитичарите на инвестициската банка Џеј Пи Морган (JPMorgan) претходно во извештај нагласија дека биткоинот има голем потенцијал за раст затоа што подобро му парира на златото од другите валути. Експертите се убедени дека цената на биткоинот ќе продолжи да расте.

Scroll to Top