(ВИДЕО) Бесими: Со ребалансот на Буџетот се заштеди на сметка на нов мебел и возила за некои институции

пред 4 години

Нов мебел, возила и реновирање се нештата без кои ќе останат некои институции поради ребалансот на Буџетот.

Буџетот ќе се финансира на стабилна основа, уверува министерот за финансии Фатмир Бесими за ребалансот на Буџетот кој вчера беше усвоен од Владата.

„Во делот на кратење, во сите министерства каде што е констатирано дека има средства, а од аспект на реализација до крајот на годината нема да се реализираат, таму скративме, за да нема нереализирани средства“, рече Бесими, објаснувајќи ја логиката според која се воделе при ребалансот.

Со овој ребаланс на Буџетот се овозможува четвртиот сет на економски мерки за ублажување на ударот од корона-кризата.

„2020 ќе биде запаметена како година која донесе најголема неизвесност во светската економија.

Ниту една земја не остана имуна на влијанието на пандемијата и негативните резултати од Ковид врз општиот начин на живеењето“, рече министерот Бесими.

Scroll to Top