ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја донесе економијата пред колапс, стопанството тоне, граѓаните ги губат своите работни места

пред 3 години

„Македонската економија е пред колапс, тоа го покажуваат и индикациите на Светска банка кој велат дека економијата нема да се врати во кондиција како пред пандемијата ниту во наредните 2 години. Дека економските политики на власта се катастрофални зборува и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65 % од бруто домашниот производ.

Индикаторите на економско расположение покажуваат дека и мерките за помош на економијата се промашени. Имено Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Во извештајот од Светска Банка се демаскираат и изјавите од власта дека невработеноста е намалена што Светска банка го подржува со податоци дека граѓаните немаат никаква доверба дека ќе добијат работа. Ова го потврдува фактот дека невработеноста не е намалена напротив ќе се зголемува поради фактот што над 60.000 луѓе ги загубија своите работни места за време на пандемијата.

Ова е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Секојдневно се затвораат фирми, стотици луѓе ги губат своите работни места, а криминалците од власта мислат само на тендери, криминал и лично богатење.

Со Зоран Заев и СДСМ имаме само уназадување во економијата. Оваа власт на Заев не е насочена кон спас на економијата, власта на Заев е насочена кон лично богатење, корупција и криминал“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top