Гаспром предупредува на ризиците од транзит на гас преку Белорусија и Украина

пред 4 години

Неизвесноста околу политичката иднина на Белорусија претставува ризик за стабилен транзит на рускиот гас кон Европа и постои и постојан ризик за транзит преку Украина, предупредува рускиот гасен концерн „Гаспром“ во проспектот што го придружува издавањето на неговите еврообврзници.

– Тековните политички немири во Белорусија и неизвесноста за идниот развој на ситуацијата ги зголемуваат ризиците за редовните активности на нашата подружница „Гаспром Трансгас Белорусија“, особено ризиците од нарушување на транзитот на нашиот гас преку белорускиот дел од гасоводот Јамал-Европа, се вели во документот.

„Гаспром“ исто така забележува постојан ризик од транзит преку Украина.

– Покрај нарушувањата што можат да бидат предизвикани од трговски спорови, нашиот транзит на природен гас преку цевководите во Украина може да биде нарушен и доколку Украина не успее правилно да ја одржува и да ја гарантира безбедноста на своите цевководи поради тековниот воен конфликт и/или недостиг на финансиски средства, стои во проспектот.

„Гаспром“ ги издаде предупредувањата на денот кога се очекува полскиот антимонополски регулатор УОкик да донесе одлука за изведувачот и финансиер на гасоводот „Северен поток 2“, кој би пренесувал руски гас под Балтичкото Море во Германија и понатаму кон Европа.

Scroll to Top