Драстичен пад на индустриското производство во Италија во септември

пред 3 години

Индустриското производство во Италија драстично се намали во септември, по скокот забележан претходниот месец, покажаа денеска податоците на статистичкиот завод Истат.

Индустриското производство има пад од 5,6 проценти во септември во споредба со август кога се зголеми за 7,4 проценти. Меѓу секторите, најголем пад е регистриран кај капиталните добра, чие производство се намали за дури 7,1 процент.

Значително се намали и производството на стоки за широка потрошувачка и полупроизводи – за 4,8, односно 4,2 процента.

Најблаг пад на производството забележа енергетскиот сектор, за 2,1 отсто.

На годишно ниво, индустриското производство се намали за 5,1 процент во септември, по стагнирање во претходниот месец.

Scroll to Top