Епл планира да произведува автомобили

пред 3 години

Американската технолошка компаниа Епл продолжува со развој на технологијата на автономни возила и планира во 2024 година да произведе патнички автомобил, што би ја користел нејзината технологија за батерии.

Клучно за стратегијата на Епл е новиот дизајн на батериите, со кој „радикално“ би се намалиле трошоците и ќе се зголеми растојанието што ќе го поминат возилата.

Се уште не е познато кој ќе ги составува автомобилите на Епл, но се очекува компанијата да се потпре на партнерите во автомобилската индустрија.

Scroll to Top