Заев: И покрај пандемијата, во 2020 имавме најголем поврат на ДДВ кон стопанството

пред 3 години

Во 2020 година и покрај пандемијата, имаме најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, напиша денеска премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Во статусот, Заев наведува дека во стопанството по основ на поврат на ДДВ кон фирмите се слеани 397,4 милиони евра.

Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон претпријатијата, според Заев е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен.

Scroll to Top