За еден месец во ФИТР потпишани 71 договор за кофинасирање

пред 3 години

За еден месец во ФИТР потпишани 71 договор со вкупен износ од 3.112.339 евра, од кои 1.605.311 се ФИТР кофинансирање, а 1.507.028 кофинансирање на корисниците, напиша на Фејсбук директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров.

Најави дека се подготвуваат два нови предизвици за стартапи и нов повик за кофинансирани грантови.

-Креиравме нова годишна и среднорочна програма која првпат вклучува стратешки фокус на стартапи, корпоративна иновативност и социјални претприемништво. Целосно ја променивме менторската програма и првпат овозможуваме менторство за одбиени апликанти, но и потенцијални корисници.Развиваме нови финансиски инструменти и стратегија за Fund of Funds.Потпишавме меморандум за соработка со Стартап Македонија и креиравме Стартап Совет.Потпишавме меморандум за соработка со Асоцијацијата за е-трговија и развиваме заедничка платформа за онлјан продажба за микро компаниите во планските региони, пишува Петров.

Во финална фаза, како што вели, е ребрендирањето на ФИТР со комплетно ново лого и една сосема нова приказна.

-И сето ова немаше да биде можно без беспрекорниот тим на ФИТР. Бескрајно сум благодарен на можноста да работам со толку добри професионалци! Создаваме иднина. Заедно!, пишува Петров на ФБ.

Scroll to Top