Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе претседава со Балканскиот советодавен форум

пред 3 години

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе претседава со Балканскиот советодавен форум (Balkan advisory forum). Одлуката следува по состанокот кој се одржа во Солун, а на кој учествуваа Регулаторните тела за енергетика од Србија, Албанија, Црна Гора, Грција и Бугарија кои се основачи и членови на Балканскиот советодавен форум.

„Ни претставува особена чест што РКЕ ќе претседава со Балкански советодавен форум следната година. Во време на светска пандемија во која клучен фокус на регулаторите од регионот е да се обезбеди сигурна и стабилна испорака на енергенси, главната цел од претседавањето на РКЕ ќе биде да се исцрта регионалната рамка во која ќе бидат дефинирани принципите и насоките базирани од досегашните искуства како се брани енергетскиот систем во состојба на пандемија. Оваа колективна меморија треба да се вгради во документ кој треба да остане како патоказ за идните генерации“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Претседателот Бислимоски, заедно со потпретседателот Куштрим Рамадани и комесарот Атанаско Тунески учествуваа на состанокот на Балкански советодавен форум каде и формално го презедоа претседателството од Грција.

Scroll to Top