Светска банка: Меѓу 88 и 115 милиони луѓе ќе западнат во екстремна сиромаштија

пред 4 години

Светска банка објави дека пандемијата на коронавирус може да однесе во крајна сиромаштија дури 150 милиони луѓе до крајот на 2021 година.

Со тоа се поништува тригодишниот напредок во намалувањето на сиромаштијата.

Светската банка во својот двегодишен извештај за сиромаштијата и заедничкиот просперитет наведе дека меѓу 88 и 115 милиони луѓе ќе западнат во екстремна сиромаштија, односно ќе живеат со помалку од 1,90 долари на ден во 2020 година, пренесува „Ројтерс“. Во извештајот се вели дека тој број може да порасне на 150 милиони до крајот на 2021 година.

Тоа би значело дека оваа година, 9,1-9,4 проценти од светското население ќе живее во екстремна сиромаштија, приближно исто како и 9,2 проценти во 2017 година.

Како што се наведува, тоа би било прво зголемување на процентот на екстремна сиромаштија во последните 20 години.

Scroll to Top