Текстилните компании изненадени, мислеле дека државната помош ќе продолжи и во јануари

пред 3 години

Текстилниот Кластер очекувал државната помош да продолжи и во јануари. Претседателката на Текстилниот Кластер, Маријана Перковска вели дека секое пролонгирање на петтиот пакет на мерки и субвенции за платите на работниците значи неизвесност за голем дел од текстилните компаниите, но и за сите останати трудоинтензивни гранки.

-Очекувањата на компаниите беа дека по некој автоматизам поддршката ќе продолжи и во јануари. Не знам колку тоа временски ќе можат да го издржат компаниите? Навистина секојдневно во Кластерот се јавуваат компании, коишто најавуваат неможност да опстанат, потреба од затварање, а знаете дека секое производство многу лесно се затвара, а тешко се рестартира. Рестартирањето на текстилната индустрија скоро и да нема да може да e возможно. Така да секое пролонгирање на поддршката на компаниите има негативни реперкусии, вели Перковска.

Таа истакна дека до Владата доставиле и свои предлози, а за дел од критериумите кои се дадени за добивање на државната помош не одат во прилог на текстилниот сектор.

-Таму беше назначено, како услов и 30 % од падот на приходите, но кај трудоинтензивните гранки 30 % пад, значи затварање на компаниите, помалку или повеќе. Затоа што оние кои работат лон производство, пад од 30 % е навистина катастрофално, вели Перковска.

Забележува дека во моментов македонските текстилни, но и останатите трудоинтензивни гранки мора да преживеат, имајќи во предвид дека во земјите во ЕУ, каде што извезуваат има затварање на молови, бутици и низа на заштитни мерки. Сметаат дека со имузниацијата на населението на пазарите, каде ги пласираат производите ќе се вратат во нормални текови,а очекувањата се до средината на 2021 година.

Scroll to Top