Туристичките водичи бараат да им се регулира статусот, се сретнаа со министерката Шахпаска

пред 3 години

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на средба со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници разговараше за можноста за правно регулирање на нивниот статус.

Како што соопшти Министерство за труд и социјална политика, претставниците на Асоцијацијата посочиле на предизвикот со кои се соочуваат лицата кои се занимаваат со оваа професија во однос на пензиското и здравствено осигурување, кое се уште не е решено и нивната работа се заснова на хонорарно работење, а не на работен однос.
– Притоа, на средбата се дискутираше и за начините за нивно регулирање преку изнаоѓање законско решение во кое ќе бидат опфатени. Министерката Шахпаска ја истакна важноста на професијата туристички водич, како амбасадори на нашето културно наследство и оттука важноста за решавање на нивниот статус. Таа воедно изрази уверување дека преку меѓусебна соработка со сите клучни институции во чија надлежност влегува ова прашање, ќе дојде до изнаоѓање најиздржано решение во интерес на сите страни, соопшти МТСП.

Соговорниците на средбата, како што наведува Министерството, изразиле волја за понатамошни средби, со цел да се реши ова прашање.

Scroll to Top