Турција е првата земја со која Лондон потпишува договор за слободна трговија надвор од ЕУ

пред 3 години

Велика Британија и Турција утре ќе потпишат договор за слободна трговија, кој ќе биде првиот ваков договор на официјален Лондон откако беше склучен трговски договор со Европската унија, соопшти Министерството за трговија на Обединетото Кралство.

Двете земји ќе потпишат договор со кој се потврдуваат постојните трговски услови меѓу Анкара и Лондон, а британската министерка за трговија Лиз Трус рече дека се надева дека наскоро ќе биде постигнат посебен трговски договор.

– Договорот што очекуваме да го потпишеме оваа недела содржи договори за бесцаринска трговија и ќе помогне во одржување на нашите трговски односи. Ова ќе обезбеди сигурност за илјадници работни места во Велика Британија во производствената, автомобилската и челичната индустрија, се вели во изјавата на Трус.

– Сега со нетрпение очекуваме да работиме со Турција со цел во блиска иднина да се постигне амбициозен трговски договор по мерка на Велика Британија и Турција, додава таа.

Велика Британија до сега потпиша трговски договори со 62 земји пред крајот на преодниот периодот за на 1 јануари, кога ќе ги напушти трговските договори на ЕУ.

Scroll to Top