Увозот на половни коли намален за 42%, падот кај новите возила е 18%

пред 4 години

Согласно последните податоци од Царинската управа, увозот на употребувани моторни возила во државата во првите девет месеци е значително намален. Лани во овој период се увезени над 26.000 илјади половни патнички возила, а во оваа година досега се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42%.

Падот на увозот на половни возила делумно се должи на затворените граници и блокадите што ги предизвика корона-кризата, но од Царинската управа тврдат дека тој во најголем дел е резултат од воведувањето на механизмите во новиот Данок на моторни возила чија цел беше спречување и демотивирање на граѓаните за купување на половни возила со високи емисии на СО2.

„Ова значи помал влез и користење на возила кои драстично го загадуваа воздухот во Република Северна Македонија,“ велат од Царинската управа.

Увозот на нови патнички возила е намален за 18%. Лани во првите девет месеци биле увезени над 6.300 нови возила, а оваа година се увезени околу 3.800. И покрај намалениот број на увезени возила, приходите остварени со примената на новиот Данок на моторни возила кој ја замени акцизата, бележи позитивна разлика во приходот за над 280 милиони денари или 4,5 милиони евра повеќе во однос на лани истиот период, што претставува пораст од над 50%, додаваат од Царина.

Scroll to Top