ФИТР ќе ги презентира проектите избрани на јавниот повик „Стартапувај 2“

пред 4 години

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги  презентира проектите избрани на јавниот повик „Стартапувај 2“, наменет за поддршка на стартап компании. Скопје, 22 септември 2020 (МИА) – Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира проектите избрани на јавниот повик „Стартапувај 2“, наменет за поддршка на стартап компании. Презентирани ќе бидат проектите од првиот и вториот инвестициски бран, за кој беа обезбедени дополнителни средства од ФИТР. На настанот што ќе се одржи на терасата на Музејот за соверемена уметност во Скопје согласно КОВИД протоколите, ќе присуствуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски. мч/сп/

Извор: mia.mk

Scroll to Top