Аца Лукас: Губев по 200 илјади, па не плачев, епа срамота е овие со по пет стана да чекаат помош од државта

пред 3 години

Српскиот пејач Аца Лукас гостуваше во популарната  емисија “Амиџи шоу”. Тој раскажа од се по нешто, па и за коцкањето.

“Еднаш реков дека нема никогаш повеќе да се коцкам кога загубив голема сума пари, но потоа го погазив. Губев и по 200 илјади. Јас барем имав тезги па губев, а овие луѓе бараат помош, бараат итно. Нема работа, а некои кои добиле помош тие имаат корона веќе десет години, десет години никој ништо не работи.

Срамота за оној кој бара помош од државата. Една пејачка рекла: “Ме уби короната, немам работа, немам леб да јадам“, па немаш леб веќе девет години, никој не те бара. Срамота е некој да има пет стана, и да бара помош од државата“, рекол Аца во емисијата “Амиџи шоу“.

Scroll to Top