Глумецот Кевин Харт четврти пат стана татко

пред 4 години

Американскиот глумец Кевин Харт (41) и неговата сопруга Енико (36) пред три дена станаа родители. Тие добија девојче, а веста ја споделија преку социјалните мрежи. „Девет месеци се подготвував да се вљубам за цел живот. Благодарна. Благословена. Мало парче од рајот испратено на земјата… Добредојде во светот девојче. Те сакаме премногу“, напишала Енико на „Инстаграм и откри дека ќерката се вика Каори Меи Харт. И покрај ова со години во јавноста кружат приказни дека Кевин не е толку прекрасен сопруг како што се преставува. Пред три години медиумите пишуваа дека ја изневерил својата бремена сопруга со Монтија Сабаг (30). Монија тогаш рекла дека нејзината средба со глумец се случила во хотелска соба во Лас Вегас во 2017 година. Во собата имало поставено камери кои го снимиле сексот на Харт и Сабаг. Видеото што трае три минути, во јавноста беше објавено во септември 2017 година. Неговата сопруга дознала за неверството преку порака, а по неколку недели, парот повторно се смирил. Енико и Кевин се во брак од 2016 година и го имаат синот Кензо Кеша (2). Комичарот претходно беше во брак со Тореј Харт од 2003 до 2011 годинак со која имаат две деца Хејвеј (15) и синот Хендрикс (12).

Scroll to Top