Глумецот Лазар Ристовски стана дедо

пред 4 години

Српскиот глумец Лазар Ристовски доби внук, откако се породи сопругата на неговиот помлад син Јован. Мајката и бебето се добри, породувањето поминало без проблеми, а внукот ќе се вика Богдан, рекол глумецот за српски „Курир“. Семејството веќе направило и мекици за раѓањето на бебето. „Ние сме пресреќни. Славевме во нашата куќа. Дојде и постариот син Петар кој снима филм во Лесковац, но за раќањето на внукот се врати во Белград, па сите се собравме кај нас и убаво славевме“, рекол Ристовски. Познатиот актер не престанува со снимање, иако пред неполни две години најави дека се повлекува од глумата.

Scroll to Top