Кит и Роуз Харингтон станаа родители

пред 3 години

Ѕвездите од серијата „Игра на тронови“, Кит и Роуз Харингтон станаа родители. Веста ја пренесоа светските медиуми, откако папараците успеаа да ги снимат во првата прошетка со нивниот син.

 

Извор близок до двојката за „ЕL Вести“ потврдил дека Роуз родила син и дека двајцата се пресреќни. За потсетување Кит и Роуз се запознаа на снимањето на серијата „Игра на тронови“, а врската официјално ја започнаа во 2012. година.

Пет години подоцна се венчаа, а сега добија син, чие име засега не го откриваат. Како што пренесуваат извори блиски до нив, двајцата решиле во иднина да не откриваат премногу детали од приватниот живот.

 

Scroll to Top