Милчо Манчевски е номиниран за најдобар режисер, а „Врба“ за најдобар филм во Лондон

пред 4 години

Милчо Манчевски е номиниран за најдобар режисер, а „Врба“ доби номинација за најдобар меѓународен филм на фестивалот „Рејнденс“ во Лондон, кој е најголем фестивал на независен филм во Велика Британија. Наградите во осум категории ќе ги додели жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс. Во секоја категорија се номинирани по три филма, а „Врба“ доби номинации во две категории. „Рејнденс“ ќе се одржи од 28 октомври до 7 ноември. Ова ќе биде истовремено и британска премиера на „Врба“, филм кој го продуцираше легендарниот британски продуцент и основач на „Вирџин рекордс“, Ник Пауел. Организаторот на фестивалот го издвојува „Врба“ како еден од хитовите на програмата, а ќе се прикаже во селекцијата „Женски поглед“.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top