Од рак почина глумецот Дастин Дејмонд

пред 3 години

Ѕвездата на серијата Saved by the Bell, актерот Дастин Дајмонд, почина на 44 години од рак на белите дробови. Глумецот пред три недели дозна дека има рак и самиот им соопшти на своите фанови дека е болен, но дека ќе се бори да оздрави.

„Тажни сме што треба да ја потврдиме веста дека актерот Дастин Дајмонд почина од рак. Му беше дијагностицирана оваа немилосрдна форма на малигнен карцином пред само три недели, а за кратко време болеста се прошири низ неговото тело. Дастин, ако ништо друго,барем не патеше“, стои во соопштението што го испратија продуцентите на серијата.

Дастин се прослави со улогата на Скрич во популарната тинејџерска серија Saved by the Bell. Серијата се прикажуваше од 1989 до 1993 година. Дастин имашше главна улога, заедно со Марио Лопез, Марк Пол Госелар и Тифани Амбер Тисен и Елизабет Беркли.

 

Scroll to Top