Почина гитаристот Станислав Длака од „Бис Без“, основоположник на македонскиот рокенрол

пред 3 години

Станислав Длака, гитарист и вокал на легендарната рок група „Бис Без“ почина ненадеjно синоќа во Скопје на 81 година, објави семејството. Тој ќе биде погребан утре на гробиштата Бутел.

Длака, по професија директор на фотографија кој целиот работен век го мина во МРТВ, е еден основоположниците на македонската рокенрол музика. Кариерата ја почна во „АБЦД“, а на почетокот на 1964 стана член на „Безимени“. Во бендот остана до 1966, кога ја оформуваат легендарната „Бис-Без“ заедно си Ламбе Смилевски (бас гитара), Константин Икономов-Коце, Димитар Чемков-Циме, Димитар Попанков и вокалот Стевче Јаневски-Чивчи. Подоцна во бендот членуваа и други музичари. Длака ги правел и македонските препеви на познатите странски хитови во репертоарот на бендот.

Публиката и денес ги слуша антологиските хитови „Дал да плачам ил да пејам“, „Добро утро, ученичке“, „Било и поминало“.

Прекинаа да свират во 1973, но повторно се обединија во 1990-те. Потоа од 2002 активно свиреа до 2008, кога на 62-години почина басистот Ламбе Смилевски.

 

Scroll to Top