„Престанав да пијам за да не се испоубиеме“, Карла Бруни за животот со Николас Саркози

пред 4 години

Италијанската манекенка и поранешна прва дама на Франција, Карла Бруни, во интервју за британски „Телеграф“ првпат зборуваше за нејзиниот приватен живот и за бракот со експретседателот на Франција, Николас Саркози. Таа во интервјуто откри дека ѝ било многу тешко додека седела затворена во карантин, оти цело време била заедно со сопругот, нешто што не се случило со години. „Порано ретко се гледавме преку ден, а сега имав можност да го видам како дреме во 15 часот. Да, тоа беше тест за нас. Можеби и ќе се разведевме ако траеше подолго. Имавме полна куќа, со нас секако беше ќерката Џулија, која ќе наполни 9 години, со мајка ми, но и неговата сестра. Мајка ми има 91 година, а сестрата на Николас 95. Италијански затвор, о Боже, за малку ќе се испоубиевме меѓу себе. Да, да, решив да престанам да пијам, бидејќи, сериозно, ќе убиев некого“, рекла Бруни во интервјуто. Карла рекла дека кога пие нема мерка, а за разлика од неа, Николас никогаш не пробал алкохол. „Тој во животот нема пробано ниту капка алкохол. Страда од силни главоболки, а кога бил помлад стравувал како ќе реагира на алкохолот. Тој не е свесен за позитивните страни на алкохолот. Му кажав, драго ми е што не знаеш, инаку ќе го поминеше целиот ден во кафани“, додала таа. Но, според некогашната манекенка, карантинот имал и убава страна, оти Николас ги напишал своите мемоари „Бурни времиња“, а таа ги напишала песните за новиот албум што го сними потоа, а го промовираше неодамна. Карла во интервјуто призна дека не ја прочитала книгата, иако цели 23 реда се посветени на нејзиниот задник.. За потсетување, Карла и Николас се венчаа во февруари 2008 година, во првата година од неговиот мандат во Елисејската палата. Се запознале во ноември една година претходно на прием, неколку недели откако претседателот се разведе од втората сопруга Сесилија, со која беше во брак 11 години.

Scroll to Top