Се разведува раперката Карди Би

пред 4 години

Популарната раперка Карди Би поднесе барање за развод од сопругот Офсет по три години брак. Причината за разводот е тоа што пејачката дознала дека сопругот ја изневерува. Карди ја почнала судската постапка и нивното прво рочиште е закажано за 4 ноември, пишуваат американските медиуми. „Секако дека не е во ред мажот да ја изневерува жената, но сакам да му дадам втора шанса. Ќе се обидам да ги подобрам односите, ако е тоа можно“, изјави Карди пред две години, кога јавноста дозна за првото неверство на Офсет.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top