Тозовац ја победи короната на 85 години – Популарниот пејач излегува од болница

пред 3 години

Популарниот српски пејач Предраг Живковиќ – Тозовац, кој на почетокот на март беше хоспитализиран поради компликации со коронавирусот, ја победил болеста и излегува од болницата во Белград. 85-годишниот музичар, ги избегнал тешките последици на болеста, затоа што наводно ја примил кинеската вакцина Синофарм непосредно пред да зарази.

„Предраг се чувствува одлично и ќе биде пуштен од болница за два до три дена. Тој беше примен со пневмонија и од претпазливост беше само на кислород. Непосредно пред да се зарази, тој ја прими втората доза од кинеската вакцина, поради што немаше некои тешки симптоми“, рекол пријател близок до Тозовац за медиумите.

„Благодарение на вакцината, тој избегна респиратор и на 85 години успеа да го победи вирусот, што многумина не успеваат. Здравствените работници, лекарите, сите се многу задоволни од неговата состојба“, додал тој.

Scroll to Top