(Фото) Глумецот Џон Сина се ожени со 13 години помлада девојка

пред 4 години

Американскиот глумец и познат кечер, Џон Сина (43), се ожени со својата 13 години помлада девојка, Шеј Шаријацадех. Тие се венчале во петокот на Флорида, според венчалниот документ што го објавија некои американски медиуми. Двојката е во врска од почетокот на 2019 година.

„Не можев да престанам да ја гледам од првиот момент кога ја запознав“, рече во едно интервју Џон за Шеј.

Тие првпат беа видени заедно на премиерата на семејната драма „Дулитл“.

Ѕвездата на акционите филмови неодамна најави дека уште два негови филма треба наскоро да се појават во кината, „Одредот на отпишаните 2“ и „Брзи и бесни 9“, но заради пандемијата, премиерата на двата филма е преместена за наредната 2021 годинa.

Scroll to Top