(Фото) Турскиот актер Џан Јаман во љубов со бившата женска на Златан Ибрахимовиќ

пред 3 години

Турскиот актер Џан Јаман започна љубовна врска со познатата спортска новинарка, Дилета Леота, која претходно беше заедно со напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Џан од патувањето во Италија, сподели фотографија на која е со Дилета веднаш по гостувањето во познатото италијанско шоу „C’è Posta Per“, а под фотографијата напиша „Coppia pericolosa“ (Опасна девојка).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

Во истото шоу Јаман гостуваше и пред една година, а освен него гости во шоуто биле и светските ѕвезди Џони Деп и Антонио Бандерас.

Јаман, чија баба потекнува од Македонија, а дедо од Косово, е многу познат актер во Турција. Се прослави со улоги во повеќе тамошни серии, кои што се со голема гледаност и на Балканот, а и во Италија и Шпанија.  Од Италија турскиот актер сподели и видеата на кои може да се забележи колку е голем бројот на неговите фанови таму.

  

  

 

Scroll to Top