Џорџ Клуни во болница откако изгубил 13 килограми

пред 3 години

Џорџ Клуни бил згрижен в болница со панкреатитис, како последица на екстремно слабеење, за потребите на претстојниот филм „Небото на полноќ“ (The Midnight Sky), како што пренесува британски „Мирор“.

59-годишниот глумец загуби скоро 13 килограми за улогата во филмот како астроном кој преживеал апокалипса. Но, потоа минал неколку недели во болница заради оздравување. Клуни е и режисер на филмот.

– Мислам дека се трудев премногу брзо да ослабам и веројатно не се грижев доволно за себе. Потребно беше неколку недели да заздравам. Како режисер, не ми беше  лесно, затоа што ти треба енергија. Бевме и на глечер во Финска, што исто така, ја отежнуваше работата. Но, тоа секако помогна во градењето на карактерот, раскажува Клуни.

За улогата морал да пушти и долга брада, но тоа и не било толку по ќеф на сопругата Амал.

„Мојата сопруга и ќерка ми беа навистина среќни кога ја снема, бидејќи претходно не можевме да го најдеме лицето мое под целиот тој неред“,  додава тој.

Во научно-фантастичната драма, брадестиот Клуни (59) го игра Аугустин Лофтхаус, осамен научник на Арктикот, кој тргнува на опасно патување да се обиде да контактира со групата астронаути во вселената и да ги предупреди за враќање на ненаселива Земја по мистериозна глобална катастрофа.  За жал, жртвата на Клуни за „Небото на полноќ“ не му донесе поени кај критичарите. Филмот доби 58 од 100 бодови по 36 критички осврти на интернет-страницата „Ротен домат“. Првото прикажување ќе биде на  23 декември.

 

Scroll to Top